(Видео) Ноле пееше на свадба кај брат му, па му лепеа пари ко да е најголема фолк ѕвезда

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е хит на социјалните мрежи додека на микрофон пее на свадбата кај неговиот брат.

На свадбата пеел српскиот пејач Саша Ковачевиќ, кој освен што ги забавувал гостите и тој уживал во друштво на славниот тенисер кој не го пуштил микрофонот од рака. Додека Новак пееше, присутните околу него му фрлаа пари.

Ѓорѓе и Сашка се венчаа во црквата Свети Марково Белград, но свадбената веселба ја направија на Тиват во Црна Гора.

Моменти од вториот ден од свадбената веселба на парот споделија голем број гости преку нивните профили на социјалните мрежи. 

Scroll to Top