(Видео) Новак Ѓоковиќ ѝ приреди забава на мајка му за роденден

По драмата што му се случи во Австралија, Новак Ѓоковиќ ѝ направи забава на мајка му Дијана, за нејзиниот 58. роденден. Тие пееја и се забавуваа, а тенисерот ја изненади со торта со огномет.

За потсетување, Новак на средината на јануари годинава беше депортиран од Австралија. Тројцата судии од Сојузниот суд во Мелбурн, на чело со судијата Џејм Алсоп, едногласно ја поддржаа одлуката на австралискиот министер Алекс Хоук, кој му ја одби визата на Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ на 5 јануари стигна во Мелбурн каде што беше сместен во хотел за мигранти. За целото тоа време тој добиваше поддршка од неговите родители, брат му и фановите.

Scroll to Top