(Видео) Поранешна манекенка го обвини партнерот дека ја претепал

Поранешната манекенка, водителка и натпреварувачка на „Фарма“, Сандра Обрадовиќ (34), го обвини својот партнер, Владимир Бабиќ, дека ја претепал и дека веќе со години од својот поранешен невенчан сопруг, трпи семејно насилство. Таа се огласи на социјалните мрежи.

„Имам потреба на сите да ја споделам мојата страна од приказната. Моето име е Сандра Обрадовиќ и во прв план би кажала дека за мене во животот, најважно ми е тоа што сум мајка и што го имам мојот прекрасен анѓел Андреј, кој има само 7 месеци и во моментов не е со мене. Освен што сум мајка, јас собрав сили и да признаам дека сум жртва на психичко и физички насилство веќе две години, од страна на таткото на моето дете. Насилството почна додека бев во блажена состојба. Во повеќе наврати завршив во болница и можев тогаш предвремено да родам. Мојата бременост беше ризична поради ударите кои ги добивав секојдневно, како и поради мојот стрес, но поради страв молчев, а како единствен приоритет ми беше да го родам моето бебе и тоа да биде здраво и живо“, напишала Сандра на „Инстаграм“ и сподели фотографии од повредите за кои вели дека ѝ ги нанел нејзиниот партнер.

На снимката го има и нејзиниот партнер, кој доаѓа до неа ѝ го зема нејзиниот мобилен од рака. Сандра тврди дека, додека го трпела насилството, таа верувала дека ситуацијата по раѓањето на нејзиното дете, ќе се смири, но вели дека подоцна работите станале полоши.

 

View this post on Instagram

 

Imam potrebu da sa svima vama podelim moju stranu price… moje ime je Sandra Obradovic, i u prvi plan bih istakla da je za mene u zivotu najbitnija uloga to sto sam majka jednog predivnog andjela koji se zove Andrej i ima samo 7 meseci i nije pored mene dok vam sve ovo pisem… Osim sto sam majka, smogla sam snage da priznam i da sam zrtva psihickog i fizickog nasilja vec dve godine od strane oca svog deteta.Nasilje nadamnom pocelo je dok sam bila u drugom stanju, kada sam vise puta zavrsavala u bolnici Narodni front i moglo je da se desi da se prevremeno porodim. Moja trudnoca bila je rizicna zbog udaraca koje sam dobijala skoro svakodnevno, kao i samog stresa, ali sam zbog straha o tome tada cutala i kao jedini prioritet u tim momentima sam videla da rodim svoje dete zivo i zdravo.Mozda ce neko reci da sam naivna, ali sam tada verovala da ce se nakon porodjaja neke stvari smiriti i promeniti, ali je postalo cak i gore, do granice nepodnosljivog…. Desavalo se da me udara i dok dete drzim u narucju.Otac mog deteta je nazalost vrlo mocan u ovom gradu, pa reci i pretnje koje mi je svakodnevno izgovarao nisu bile ni malo naivne i ulivale su mi ozbiljan strah. Osim sto me je vredjao, ponizavao, omalovazavao, govorio je da ce mi oduzeti dete, da ce me ubiti, da ce potplatiti ceo grad i da ima veze i poznanstva u svim drzavnim ustanovama, kao i u medijima, rekao mi je da ima toliku moc da me predstavi najgorom osobom, majkom i da ce me smestiti u ludnicu.I pored svega toga skupila sam hrabrosti i snage i odlucila sam se da verujem u pravni sistem nase drzave, pa sam preduzela sledece korake i pokusala da pronadjem pravdu na tom putu…

A post shared by Sandra Obradovic (@missobradovic) on

„Работите станаа до граница на неподносливост. Се случуваше да ме удира додека го држам детето во прегратка. Таткото на моето дете, за жал е многу моќен во овој град, па заканите кои секојдневно ги добивав од него, не беа нималку наивни и ми влеваа сериозен страв. Освен што ме навредуваше, понижуваше, омаловажуваше, ми збореше дека ќе ми го земе детето, дека ќе ме убие, дека ќе го запали целиот град и дека има врски и познанства во сите државни установи, како и медиуми, ми рече дека е толку моќен, што може да ме претстави како најлоша личност, мајка и дека ќе ме смести во лудница. И покрај сето тоа, јас собрав храброст и сила и одлучив да верувам во правниот систем на нашата држава, па превземам некои чекори и се обидов да ја пронајдам правдата“, вели таа.

Поранешниот партнери веќе со денови ја сервираат својата вистина во јавноста. Сè почнало минатата сабота, кога Сандра завршила на Ургентниот центар, затоа што Владимир ја претепал и ѝ го скршил носот. Нивното дете, наводно со сила го земал со себе.

Српски Ало пренесува дека дошле во посед на снимка, која настанала непосредно пред да се случи инцидентот. Сандра и нејзиниот партнер седеле во ресторан, а таа пиела вино. Медиумот пренесува дека била пијана. Владимир раскажал дека кога стигнале дома, Сандра е таа која го нападнала него, а кога повикал полиција, го обвинила за семејно насилство.

„Два месеци имам проблем со Сандра, која се однесува неодговорно кон детето. Се работи за тоа дека зема таблети кои ги меша со алкохол и постојано е пијана со бебе од седум месеци. Како татко, кој е загрижен за синот, превземав мерки и ја пријавив Сандра во Центарот за социјални работи. На почетокот се обидов да ја вразумам и предложив да ѝ го платам лекувањето, како мајка на моето дете. Но, таа одби. Центарот ги зема сите околности во предвид им ми го додели детето на мене, кое отсекогаш ми било на прво место. Она што е важно, е дека таа беше под влијание на алкохол и тоа 2,10, што покажало на тестирањето кое го објави полицијата. За останатите глупости кои таа ги изнесе јавно, не сакам да зборувам, со оглед на тоа дека таа се наоѓа во полиција. Не знам кога ќе ја пуштат, а важно ми е само моето дете да биде на сигурно во кругот на семејството“, изјавил Владимир за „Ало“.

Сандра пак, како што пишува српски Курир, вели дека во саботата испила само две чаши вино.

„Во саботата, на 9. мај, ме покани на ручек. Тогаш не ни насетив дека имал испланирано и организирано и дека ми подготвил местенка и лажна афера. Не ја исклучувам можноста дека нешто ми ставил во пијалокот. Веќе во автомобилот ме удри, ме искуба за коса и ме нарече алкохоличарка и неспособна мајка. Ми се закани дека готово е со мене и дека ќе ми го земе детето. Неговото приватно осигурување направи снимки пред зградата, кои подоцна ги објавија медиумите, но агонијата продолжи во мојот стан и по снимката која јавноста имаше можност да ја види“, изјавила Сандра.

Таа кажала дека тој ден и било одземено детето, кое до ден денес го нема видено.

„Овој пат ѝ се обраќам на целата јавност, нација, држава и на сите оние кои се задолжени за борбата против насилството над жените. Обидете се да ме разберете и да ми помогнете, затоа што јас сум немоќна, очајна, уплашена и пред сè скршена, затоа што моето бебе не е покрај мене“, порача Сандра.

Поранешната манекенка, синоќа поминала два часа пред зградата на нејзиниот поранешен партнер, каде пристигнала да си го земе синот, но не успеала во тоа. Како што пренесува српски Курир, полицијата и објаснила дека мора да се оддалечи од адресата, и дека утре може да го земе записникот од социјалните служби, кој вели дека детето мора да остане со таткото, и дека таа има забрана за да им се доближи.

„Јас штотуку дознав дека тој го држи моето дете противзаконски кај себе и дека нема ниту еден документ од социјалните служби со кој ми се закануваше. Ниту една социјална служба, не е известена за тоа, ниту му дала дозвола да го земе моето дете. Ја известив и полицијата и со нив дојдов до станот, но на вратата бев пресретната од таткото на Владимир кој ме оттурна и ми забрани да влезам во станот и да си го земам моето дете“, изјавила Сандра, за „Ало“.

„Моето дете плаче цело време и јас не можам да го утешам и смирам. Ние не сме во брак и од неговото раѓање јас сум единствената која се грижи за него. Го видов денес Владимир во кола, но моето дете не беше со него. Моето бебе го чува дадилка“, вели Сандра.

 

 

 

Scroll to Top