(Видео) Раскошна елка во домот на Лидија Вукиќевиќ, глумицата спремна за празниците

By

Српската глумица Лидија Вукичевиќ ја накити новогодишната елка и откри дека е подготвена за празниците. Таа сподели видео со нејзините обожаватели на „Инстаграм“ – „Направете го својот дом среќен, па и вие ќе бидете среќни во него“, напиша глумицата. „Раскошно, прекрасно, како од бајка“ се дел од коментарите што ѝ ги оставија фановите.

Популарната Виолета Попадиќ од серијата „Подобар живот“ неодамна во интервју за „Репортер“ откри дека иако не сака да готви, секогаш сама се грижела за домот. „Средувам, чистам, никогаш не дозволив тоа наместо мене да го прави некоја друга жена. Се чувствувам пријатно во мојот дом, го уредив по мој вкус“, ни раскажа таа во интервјуто, а откри и дека често дома пие кафе со поранешните девојки на нејзините синови, бидејќи со некои од нив е и понатаму добра пријателка.

„Колегите ми ставаа сопки, а режисерите бараа да се соблечам“, ексклузивно со Лидија Вукиќевиќ

Ќе ви се допадне