(Видео) „Сакам да им се вратам на концертите“, Цеца се вакцинира со кинеската вакцина

Пејачката Светлана Ражнатовиќ – Цеца се вакцинира против коронавирусот. Таа вели дека едвај чека да заврши пандемијата и да му се врати на стариот живот и на концертите. Цеца ги советуваше сите што се немаат вакцинирано, да го сторат тоа.

„Не почувствував ништо. Сметам дека секој совесен граѓанин треба да се вакцинира и на тој начин да се заштити не само себе си туку и семејството и луѓето што го опкружуваат. Јас, како што знаете, имав корона и сум со одредена количина антитела, па по советување со доктор, се вакцинирав. Мораме да сфатиме дека здравствените работници вложуваат огромен напор за да се грижат за нашите граѓани и тоа не смееме никогаш да го заборавиме. Сметам дека луѓето треба да се вакцинираат и дека тоа е нивна обрска. Сакам да се вратиме на стариот живот, да имам концерти, да се веселиме и гушкаме. Ајде да се потрудиме тоа да биде што побргу“, изјави Цеца.

Пејачката се вакцинира на белгардскиот саем. Таа објасни дека ја примила кинеската вакцина на „Синофарм“.

Scroll to Top