Поп ѕвездата Сара Јо го објави новиот спот и сингл од нејзиниот деби албум „Без контрола“, наречен „Така одам“. Песната е една од омилените на нејзините фанови откако беше објавен албумот.
Ова е трет сингл од нејзиниот албум, а спотот за песната изгледа како модна ревија.
Инспирацијата за видеото е од видео на Лејди Гага.
Во спотот, Сара, исто како и Гага, чекори на модната писта во различни комбинации, изгледајќи фантастично.