Познатиот српски рапер Далибор Андонов Гру загина додека сурфал на вода, а несреќата ја снимил еден од случајните минувачи.
„Пет пати во 20 секунди ветрот го крена, па го давеше во вода. Не стигна да се одврзе“, раскажува сведокот додавајќи дека раперот бил одличен спортист.
Гру пред да почне со сурфањето низ Дунав, во текот на целиот ден се обидел да ја собере екипата за сурфање. Овој спорт е опасен, па за евентуална итна интервенција, неопходен е минимум уште еден чамец, велат негови пријатели.
Телото на раперот неколку часа лежел во чамецот со кој бил извлечен на брегот. Полицијата направила увид, по што стигнале мртовечниците и го однеле телото.
Голем број на пријатели и колеги се простија од својот колега, а некои од нив се појавиле и пред неговата зграда на Видиковац за да изрзат сочуство.
Тијана Дапчевиќ и Игор Лазиќ Нигор први пристигнале пред домот на раперот за да изрзат сочуство. Сопругата на Гру, не била во станот, но набргу се вратила пишуваат српските медиуми.