(Видео) Секс-сцената во „Маратонци“ ги скара Сека Сабљиќ и Бора Тодоровиќ

Легендарните југословенски глумци Сека Саблиќ и Бора Тодоровиќ не разговарале скоро 30 години заради секс сцената во познатиот филм „Маратонците го трчаат почесниот круг“ на Душан Ковачевиќ. Актерите, кои во популарниот филм ги глумеа ликовите Џенка и Кристина, снимија еротската сцена, која „излегла од контрола“. Наводно, Бора наместо да симулира секс при снимањето, како што било предвидено според договорот, толку се занел, што вистински пробал да има секс со Сека. Глумицата се налутила и сакала целосно да го прекине снимањето на филмот, па режисерот едвај ја убедил да ја заврши работата до крај.

По ова, глумците престанале да зборуваат. Сека го избегнувала Бора на сите јавни настани и одбивала улоги во филмови во кои требал и тој да глуми. Сепак, тие се смириле непосредно пред смртта на Бора Тодоровиќ.

Scroll to Top