(Видео) Сергеј Трифунoвиќ со раскрвавена глава – Глумецот нападнат на протести во Белград

Глумецот и политичар Сергеј Труфунивиќ попладнево беше нападнат на демонстрациите во Белград. Тој си замина со раскрвавена глава, откако некои од демонстрантите го нападнаа со тупаници, а го удриле и со фотоапарат. На социјалните мрежи се споделуваат слики од глумецот на кој му тече крв по лицето.

„Му ја искршија главата на Сергеј Труфуновиќ, тука на метар од мене. Крвав е“, напишала на „Твитер“ Весна М., која била на протестите.

Протестите во Белград почнаа вчера ред собранието на Србија и зградата на РТС, а поради најавата за повторно воведување полициски час. Иако претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска рече дека сепак нема да има повеќедневна забрана за движење, неколку политички партии попладнево организираа нов протестен собир, овој пат пред Филозофскиот факултет.

Меѓу собраните граѓани и се лидерите на опозицијата, претседателите на Партијата за слобода и правда Драган Џилас; на Народната партија, Вук Јеремиќ; на Двери, Бошко Обрадовиќ; на Демократската партија, Зоран Лутовац, и на Движењето за промени, Јанко Веселиновиќ.

Scroll to Top