Хрватската пејачка Северина му ја исполни желбата на син ѝ Александар, кој побара да одат кај неговите другари и да ги наговори родителите да ги пуштат за да може заедно да одат на нејзинот концерт во Блато, Корчула. Пејачката објави видео со Александар како одат во куќите на родителите на неговите другари.
„Мамо, дали може да ги наговориш родителите на моите другари да одиме вечерва од Врник во Блато на твојот концерт?“, ја замолил Александар, а таа му одговорила: „Па каква мајка би била јас сине, да не ти ја исполнам желбата“, напиша Северина.
По краткиот разговор со Северина, родителите се согласиле и нивните деца го дружеа Александар на концертот на Северина.