Хрватската ѕвезда Северина на нејзиниот Јутјуб-канал го објави документарниот филм „Кога ќе се претворам во Северина“, посветен на подготовките за нејзиниот концерт во Белград 2009 година. Во документарецот се појавува и нејзиниот тогашен свршеник, Славко Шаиновиќ, кого пејачката го напушти една година подоцна, бидејќи се заљуби во Милан Поповиќ.
Во 35 минути, документарецот ја следи Северина додека се подготовува за концертот, на пробите, во соблекувалната и во разговорите со колегите и со новинарите. Има и сцена како Северина се опушта со масажа во хотелот. Тука се и дискусиите со нејзиниот менаџер, Томиќ Петровиќ, кога таа се лути заради прашината на сцената.
Филмот за еден ден има скоро 50.000 прегледи.