(видео) Синан запеа првпат по излегувањето од болница

Доколку некој се сомневал, сега е јасно – Синан се врати на сцената, а снимката на неговата прва проба по операцијата ги воодушеви сите љубители на музиката.

Потсетуваме, Сакиќ во октомври 2017 итно беше примен во болница во Тузла поради енцефалопатија на црниот дроб и беше во критична состојба.

Ситуацијата беше толку лоша што не се знаеше дали ќе преживее. Се пишуваше и зборуваше дека тој нема повеќе да може да пее.Сепак, пејачот успеаа да се избори со здравствените проблеми и во почетокот на ноември минатата година пуштен е на домашно лекување.

На почетокот на оваа година фановите на неговата музика беа израдувани од веста дека тој застанал на нозе и дека се чувствува добро.

А сега Синан првпат го зеде микрофонот в рака и запеа.

Следувале коментари на неговите фанови, кои го поздравуваат неговото враќање, а Синан покажал дека и по сè што преживеал, и понатаму е газда во кафеана.

Proba vecerasnja

A post shared by Sabina Ssabina Sakic (@sinan_sakic) on

Scroll to Top