Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во моментот престојува во Лондон, каде што има изнајмено куќа за своето семејство и за тимот за време на Вимблдон.
Ѓоковиќ на социјалните мрежи сподели видео во кое син му Стефан ја насмеа јавноста.
Додека Стефан чекаше татко му Новак и неговите сорабоници Горан и Марк да ја склопат трамболината, во еден момент нетрпеливиот Стефан разочарано рече:
„Како не знаете да составите трамболина, а играте на Вимблдон?“, рече Стефан.
Прашањето го насмеа Новак, а на оваа слатка реакција на Стефан неговите следбеници на социјалните мрежи пишуваа коментари за овој момент. Еден од следачите на Новак Ѓоковиќ напиша „коментарот на детето е непроценлив скапоцен камен на чиста искреност“.
View this post on Instagram