(Видео) Синот на Новак Ѓоковиќ стана хит кога му постави смешно прашање на татка си

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во моментот престојува во Лондон, каде што има изнајмено куќа за своето семејство и за тимот за време на Вимблдон.

Ѓоковиќ на социјалните мрежи сподели видео во кое син му Стефан ја насмеа јавноста.

Додека Стефан чекаше татко му Новак и неговите сорабоници Горан и Марк да ја склопат трамболината, во еден момент нетрпеливиот Стефан разочарано рече:

„Како не знаете да составите трамболина, а играте на Вимблдон?“, рече Стефан.

Прашањето го насмеа Новак, а на оваа слатка реакција на Стефан неговите следбеници на социјалните мрежи пишуваа коментари за овој момент. Еден од следачите на Новак Ѓоковиќ напиша „коментарот на детето е непроценлив скапоцен камен на чиста искреност“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

Scroll to Top