(Видео) Со години бев – Ќиро, педеру, ама за мене тоа беше комплимент: легендарниот тренер имаше посебна смисла за хумор

По долга борба со ракот на 88 години почина легендарниот фудбалски тренер Мирослав Ќиро Блажевиќ. Тренерот на тренерите, како што го нарекуваа, имаше посебна смисла за хумор. Ќиро секогаш пцуеше во јавност, па со текот а времето, престанаа да го цензурираат. Тој беше познат по стилот и секогаш носеше шал кој му беше заштитен знак.

Легендарниот тренер неодамна објави дека му се вратил ракот и дека дијагнозата е тешка затоа што метастазирал. Но, и покрај болеста, Ќиро даде интервју за RTL Direkt, па и покрај лошата дијагноза, тој со својот дух и со пцостите успеа да ги насмее сите.

„Денес имам една филозофија што ми се наметна, а тоа е дека си заминувам. Јас се помирив со тоа. Сите ми викаат, бори се, Ќиро, а јас кога и да одам на преглед, постојано некои нови метастази. Ќе продолжам да се борам“, рече во интервјуто за РТЛ.

Во разговорот вели: „Го гледам натпреварот во Сплит кога играше Хрватска и сè ме боли и морам да го испијам апчето и пред да го земам, даваме гол, Русите даваат, се колнам во мајка ми Ката, ништо повеќе не ме боли“, рече низ смеа Блажевиќ.

Дека не го загубил духот, па измами насмевки додека во центарот на Загреб се шеташе со новинарката, во разговорот ѝ рече: „Со години слушав како викаат – Ќиро, педеру, ама никогаш не сфатија дека тоа за мене беше комплимент. Па, тие се уметници, музичари сè тоа. Цела трибина ечи на глас: Ќиро, педеру… Еве ме, тука сум. Ех, сега ми недостига тоа“, се шегува Блажевиќ. И додава дека и покрај епитетот што го носи, секогаш само убави жени се вртеле околу него.

Тој и неговата сопруга Зденка се во брак 60 години, имаат три деца и пет внуци. „Сега ќе ти кажам, сум бил со многу малку жени. Имам машки хендикеп, не можам да бидам со жена ако не ја сакам и оваа мудрост се обидов да им ја пренесам на фудбалерите, ама не ме послушаа“, раскажува тој.

Неговата омилена фудбалска победа е од 1982 година кога со Динамо го освои југословенското првенство, но вели дека треба да се заборави на таа југоносталгија.

„Денес го сакам Загреб од многу причини. Загреб е чаршија, но светска. Многу се гордеам на градот и на себеси што имав можност да купам стан каде што го гледам Загреб од прекрасна перспектива“, вели Ќиро.

Сепак, тој не го доби прекарот тренер на сите тренери тукутака, а успехот во 1998 година не беше само бронзен.

„Никогаш никому не сум му го покажал тоа досега. Еве, ова признание го добив од УЕФА и на него пишува ‘тренер на сите тренери’ (choaches choach). Ако некој сѐ уште се сомнева. Да, јас бев трет во светот, но прв тренер. Сите се прашуваа како може да сум јас кога Франција е прва. Комисијата соопшти дека работата на тренерот најмногу се гледала кај хрватскиот тим“, се сеќава Ќиро.

Тој до последен момент не криеше дека се гордее на сè што постигнал.

„Ако треба да си заминам, не жалете ме, јас си ги остварив младешките соништа. Сите мои врсници веќе си заминаа, нема да останам само јас“, рече тој.

Почина Мирослав (Ќиро) Блажевиќ, тренерот над сите тренери

 

Scroll to Top