(Видео) Со новиот спот Луна Џогани ја копира Анастасија Ражнатовиќ

Луна Џогани, ќерката на Анабела Атијас и Гаге Џогани, од некогашната група „Фанки Џи“, вчера го промовираше спотот за нејзината прва песна „Деветти круг“. Tаа се пофали дека е пресреќна што за 12 минути спотот е прегледан 100.000 пати, но на социјалните мрежи многумина ѝ порачаа дека сака да ја имитира Анастасија Ражнатовиќ. „Ти си само лоша копија на Анастасија“, стои во коментарите.

Аранжманот за песната на Луна го направи македонскиот композитор Дарко Димитров, а пратечките вокали ги пее Антониа Гиговска. Според победничката на „Задруга“, „Девеети круг“ е посветена на неа и на нејзиниот емотивен живот, но и на сите проблеми низ коишто поминала во последно време. Спотот досега е прегледан повеќе од 1,5 милион пати.

За потсетување, Дарко Димитров е автор и на првите две песни на Анастасија, а таа со Дарко веќе работи и на нејзината трета песна.

Инаку, Луна и Анастасија во минатото беа најдобри другарки, но тие не разговараат веќе неколку години.

Scroll to Top