(Видео) Со шлиц до колк на 70 години, Неда Украден промовира нов албум

Фолк-пејачката Неда Украден воодушеви со изгледот на промоцијата на нејзиниот нов албум „Еднаш кога ова ќе пројде“. 70-годишната Неда носеше долг фустан со шлиц до колк и доби пофалби за изгледот и од фановите и од модните критичари.

„Ретки се жените што во осмата деценија можат да носат ваков смел модел, а на Неда тоа ѝ успеа“, пишуваат тие и додаваат дека годините не се важни кога е познатата пејачка во прашање.

„Ви благодарам на сите за незаборавната вечер“, напиша Неда на Инстаграм по промоцијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Neda Ukraden (@neda.ukraden)

Scroll to Top