(Видео) Спектакуларно шоу со салто во вода на Јокиќ на рафтинг на Тара

Никола Јокиќ ја продолжи својата традиција и во јули тргна на рафтинг на Тара. Српскиот кошаркар минатата година го направи легендарниот спуст со своите браќа, а реши да го направи тоа и годинава.

Најпрвин на социјалните мрежи се појави видео кога навивачите за време на рафтинг му скандираат на Јокиќ: „МВП, МВП“, а сега имаме можност да го погледнеме шоуто на српскиот ас на Тара.

Јокиќ направи салто од чамецот и на спектакуларен начин скокна во водата.

Scroll to Top