(Видео) Среќен 8 Март, Брнабиќ! Се шегувам, среќен празник само на жените: Владо Георгиев ја навреди премиерката на Србија

Пејачот Владо Георгиев преку „Твитер“ ја навреди премиерката на Србија, Ана Брнабиќ. Тој ѝ го честита Денот на жената, но потоа напиша дека се шегува оти, според него, Брнабиќ не е женско.

„Среќен 8 Март, Ана Брнабиќ. Се шегувам. Среќен 8 Март на сите жени на ‘Твитер’, љубов за дамите“, напиша тој.

Неговата порака наиде на осуда и некои жени му напишаа дека воопшто не е смешна. „Само покажа дека немаш способност да ги разбереш и прифатиш правата на родовиот идентитет и правата на определување“, му одговорија.

„Забележувам дека многубројни јавни личности се претставуваат како наводно прогресивни и со либерални станови, а потоа преку некаков коментар покажуваат што навистина мислат, особено ако се работи за некое политичко определување. Сè на сè, ниту е духовито ниту е интелигентно, напротив, дискриминирачко е“, изјавила српската министерка за европски интегрции, Јадранка Јоксимовиќ.

 

Scroll to Top