(Видео) Српскиот претставник на Евровизија, Лук Блек ја имаше првата проба на сценaта во Ливерпул

Српскиот претставник на Евровизија, Лук Блек ја имаше првата проба во Ливерпул. Тој ќе настапи трет во првата полуфинална вечер и ќе ја изведе песната „Само ми се спава“, а на сцената ќе го следат танчери со маски.

Лука Ивановиќ и целиот српски тим беа испратени во Ливерпул, на кој присуствуваа и амбасадорите на Велика Британија и Украина, а минатогодишната претставничка Констракта на Лук Блек му го подари знамето на Србија.

За време на заминувањето, Лук Блек се сретнал и со српскиот актер Милош Биковиќ, кој му посакал среќа и му порачал малку да се наспие, алудирајќи на насловот на песната.

Изборот за песна на Евровизија ќе се одржи од 9 до 13 мај.

Фото: eurovison.tv

Scroll to Top