Хрватската пејачка Татјана Матејаш – Тајчи, по 30 години, го облече портокаловиот фустан во кој настапуваше на Евросонг. Таа во карантин го препеа нејзиниот евровизиски хит „Хајде да лудујемо“, а на крајот од видеото, го носи познатиот портокалов фустан.
Пејачката ја испеа песната заедно со неколку нејзини пријатели. Меѓу нив е и Тијана Дапчевиќ, но и помалата сестра на Тајчи, Сања Матејаш, Алка Вуица, „Фрајле“, сестрите Ивана Хусар Млинац и Марија Хусар Римац, Доменика Жувела, Миа Димшиќ, и блогерката Кристина Кузмиќ.
За потсетување, со оваа песна Тајчи ја претставуваше Југославија во 1990 година на Евросонг.