(Видео) Тереза Кесовија пееше шансона за Макрон и му посака уште еден мандат

Хрватската дива Тереза Кесовија откри дека им пеела на Емануел Макрон и на Французите на свечениот ручек во загрепскиот хотел „Еспланада“.

 На барање на новинарите Тереза ​​ја испеала француската шансона La Chanson de Lara, која Макрон можел да ја чуе на ручекот на кој присуствувале стотина познати Хрвати.

За посетата таа изјави: „Првин на француски му посакав добредојде, а потоа му кажав дека му посакувам уште еден мандат затоа што мислам дека тоа ќе донесе добро за нашите земји“. Кесовија беше и остана легенда што има добиено француското одликување и почесна награда во редот на уметноста.

Кесовија живеела во Франција во 60-тите и 70-тите години на минатиот век и таму изградила завидна кариера. Француската кариера на Тереза ​​Кесовија почнала во 1965 година кога ја отпеала La Chanson de Lara од филмот „Доктор Живаго“. Додека живеела и работела во Франција, Тереза ​​соработувала со познати ѕвезди, како Серж Лама, Тино Роси, Жилбер Беко и Рита Павоне.

Пејачката ​​четирипати ја наполнила париската „Олимпија“. Таа се сретнала со неколку француски претседатели додека живеела во Франција, а ова е нејзина прва средба со Макрон.

Scroll to Top