(Видео) Тони Цетински тврди дека ја предвидел короната

Хрватскиот пејач Тони Цетински е често во центарот на вниманието на јавноста, особено откако почна епидемијата со короната. Па откако на почетокот на пандемијата беше меѓу првите кои рекоа дека нема да дозволат да ги чипираат и вакцинираат против корона, оти сè е тоа лага, сега вели дека вирусот го предвидел уште пред неколку години со неговата песна „Нека те одведе“, објави „Б92“.

„Песната ‘Нека те одведе’ ја посветувам на госпоѓа Корона. За жал, бевме пророци со оваа песна“, напиша Цетински во објавата на „Фејсбук“.

Scroll to Top