Јелена Карлеуша вечерва организираше прослава во еден белградски трговски центар, а повод беа нејзините два нови албуми „Алфа“ и „Омега“.
Покрај необичната декорација, како и бомбастичниот аутфит, Јелена ги изненади гостите и со уште еден детал. Поп-дивата не штедела и решила цел Белград да знае дека го слави својот албум, па логото на нејзиниот албум се најде и на „Белградската кула“.
Ова изненади многумина, бидејќи ниту една позната личност досега не направила вакво нешто.
Имено, Карлеуша со своите нови песни направи вистинска револуција. Јелена ги воодушеви сите присутни со необично издание, но нејзиното шоу го украдоа нејзините ќерки Анита и Ника штом пристигнаа.
Атина носеше црн фустан и црни сандали, додека Ника бел фустан со сличен крој со бели сандали.
Многумина ова го протолкуваа како секој од нив да презентира албум, а Атина е Алфа додека Ника е Омега.