(Видео) Цеца со децата на помен на Аркан

Утрово на новите гробишта во Белград, Цеца Ражнатовиќ, нејзините деца Вељко и Анастасија, и многубројни роднини и пријатели, ја одбележаа 18-годишнината од смртта на Жељко Ражнатовиќ Аркан. Откако попот отпеал, Цеца ги послужила присутните со ракија, а Анастасија со принцес-крофни.

Меѓу присутните биле и Софија, најстарата ќерка на Аркан, која живее во Брисел, таткото на Цеца, Слободан Величковиќ, кумот на Аркан, Борислав Пелевиќ, како и припадници на српската доброволна гарда.

Аркан беше убиен на 15 јануари 2000 година во хотелот „Интерконтинентал“ во Белград. За време на убиството тој бил во друштво на Миленко Мандиќ – Манда и Драган Гариќ, кои се убиени, но и со поранешниот директор на Комерцијална банка, Љубомир Михајловиќ.

Цеца со децата
Слободан Величковиќ, таткото на Цеца
Борислав Пелевиќ

Scroll to Top