(Видео) Цеца нема храброст да се соблече како Јелена, покажала само гаќички: фолк-ѕвездата на снимањето на „Гранд“ падна во сенка на Карлеуша

Фолк-ѕвездата Цеца Ражнатовиќ на снимањето на новата емисија од „Ѕвездите на Гранд“ дојде облечена во проѕирен фустан со длабоко деколте и црна долна облека. Таа и овој пат го привлече вниманието со стилот. Фановите на Цеца велат дека таа изгледа совршено секси.

Но, имаше и такви што велат дека Цеца само се обидува да ја имитира Карлеуша, ама нема храброст да се соблече како Јелена. „Па и не е нешто посебно, покажала само гаќички“, коментираат.

Цеца дојде во „Гранд“ пред почетокот на новата сезона на местото на Јелена Карлеуша. Таа уште во првите емисии се скара со некои од членовите на жирито. Цеца на Мили му рече дека уште ѝ должи пари, па затоа се на суд. Таа се скара и со Босанац, кој ја нарече популарна пејачка чија слава е дискутабилна. На ова Цеца му одговори дека ако тој е толку добар продуцент колку што се прави, тогаш ќе направел ѕвезда од својата ќерка, која е пејачка.

Scroll to Top