(Видео) Цеца првпат го однесе дечкото во вилата на Кипар, Богдан се пофали дека било „ловли деј“

Познатата српска пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ и нејзиниот дечко Богдан Срејовиќ  се на одмор на Кипар во нејзината вила.

Срејовиќ се пофали на социјалните мрежи каде отпатувал и сподели видео од вилата.

Познато е дека Цеца секогаш  оди на Кипар за да се одмори и собере енергија за новите деловни потфати, а овој пат за првпат со себе го зеде и својот дечко.

За потсетување, пред некој ден пред влезот на студото на „Sвездите на Гранд“ беше пречекана од новинарите кои ѝ поставија низа прашања за шоуто и односот на колегите. Еден од новинарите ја праша дали е сѐ во ред во љубовната врска со Богдан, на што таа иронично одговори дека ништо не е во ред и дека сѐ е катастрофа.

(Видео) Цеца иронична со новинарите откако ја прашаа дали сѐ во ред во љубовта со Богдан

Scroll to Top