(Видео) Вељко нокаутираше Хрват во рингот пред Цеца и Анастасија, победата ја посвети на Аркан

Синот на српската пејачка Цеца Ражнатовиќ, Вељко, синоќа го победи Хрватот Петар Мрваљ во боксерски меч. Вељко беше пропратен со овации од многубројната публика во салата „Ранко Жеравица“ во Белград.

Во првите редови беа неговата мајка и сестра Анастасија, кои први му го честитаа големиот триумф. Вељко истакна дека оваа победа му ја посветува на неговиот татко Аркан.

„Ова е за тато“, викнал Вељко, додека судијата сеуште го одбројуваше нокаутираниот Хрват, кој лежел во рингот.

„Летам верувајте. Ова го сонувам секој ден. Секој меч е битка за себе, но против Хрват во мојот Белград досега чувството е најсилно. Идеме понатаму, во нова победа“, изјавил Вељко пред новинарите.

Ова е седма победа за Вељко во исто толку мечеви во неговата кариера, а прва во родниот град.

Scroll to Top