(Видео) Заќути жено, да кажам и јас нешто: Цеца и Марија Шерифовиќ се скараа во шоуто на „Гранд“

Дваесет и едногодишната претставничка од Неготино Љупка Арсовска синоќа настапи во „Ѕвездите на Гранд. Она што остави впечаток е реакцијата на жирито, кое почна да вика и да се кара, па мораше да интервенира и директорот Саша Поповиќ.

Додека Цеца коментираше, од страна истовремено зборуваа и Босанац и Марија Шерифовиќ.

„Заќути жено, да кажам и јас една реченица“ ѝ рече Цеца на Шерифовиќ.

За потсетување, Љупка синоќа настапи со песните „Дојди“ и „Фаворито“, а  настапот ѝ се допадна само на Ана Бекута, која ќе биде нејзина менторка. Шерифовиќ и Босанац рекоа дека не сакаат да ѝ го дадат својот глас, затоа што не им се допаднал нејзиниот настап.

Scroll to Top