(Видео) Златан Ибрахимовиќ среде Сардинија откачи на хитови од Цеца и Брена

Фудбалерот на Милан Златан Ибрахимовиќ е на одмор на Сардинија. Тој престојува во јахта која е закотвена на крајбрежјето и секоја вечер прави журки. Туристите кои случајно се нашле на истата локација каде што престојува напаѓачот на фудбалскиот клуб Милан се шокирани и збунети од гласната музика која доаѓа од јахтата во една од најскапите туристички дестинации во Европа.

На репертоарот на Ибрахимовиќ биле песни од Дарко Лазиќ, Аце Лукас, Брена и Цеца Ражнатовиќ.

Познато е дека Ибрахимовиќ е голем фан на српската пејачка Нада Топчагиќ, која на фестивалот „Сан Ремо“ инсистираше да биде придружуван од стиховите на фолк-хитот „Јутро је“.

 

Scroll to Top