(Видео) Знам како да го освојам светот: Јелена Карлеуша го прослави 43. роденден

Српската пејачка Јелена Карлеуша наполни 43 години. Сама си го честиташе роденденот, па на Инстаграм објави видео од времето кога била мало девојче.

Ви благодариме на сите за убавите честитки и желби, за љубовта, поддршката и мотивацијата. Ѝ значи тоа на оваа ѕверка во којашто сѐ уште живее детето кое знае како да се радува на својот роденден. Одиме понатаму, уште една година со јасен план како да го освојам целиот свет и да ги остварам сите свои соништа. Ги затворам очите и ги гасам свеќите пред мене, цврсто верувајќи во годините што доаѓаат“, напиша Карлеуша. 

Меѓу пријателите кои ѝ честитаа роденден се Драгана Мирковиќ, Наташа Беквалац, Мартијанин Кириловски и многу други.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

Карлеуша изминатиов период има многу настапи. Таа минатата недела пееше во Струмица во позната дискотека, а дојде облечена во танга, со гол газ.

(Видео) Карлеуша падна во хотелската соба во Охрид додека се спремаше за настап

 

Scroll to Top