(Виедо) Штом мојата душа оди меѓу ѕвездите, чувајте ја мојата песна: Мишо Ковач после подолго време снима спот

Иако долго време се нема појавено, легендарниот пејач Мишо Ковач, вчера е снимен во јавноста.

А, како што пишува „Слободна Далмација“, 80-годишниот пејач на терасата од семејната куќа во Строжанац на хрватското јадранско крајбрежје, снимал видеоспот.

„Штом мојата душа оди меѓу ѕвездите, чувај ја мојата песна пријатели мој и пијте за мене…“, се слушнал гласот на Мишо на музичката матрица. Тој бил во друштво на неговата сопруга Лидија.

Инаку, тој неодамна доби внука од својата ќерка Ивана, па тоа со задоволство го коментира за хрватските медиуми.

Видеото е на следниот линк

Scroll to Top