Српските медиуми пишуваат дека од следната сезона Вики Милковиќ повеќе нема да биде дел од жирито на музичкото шоу, „Ѕвездите на Гранд. На нејзино место ќе дојде пејачката Дара Бубамара.
Последнаата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ беше одбележена со многу интересни моменти и многу кавги. Најчесто на мета беа кавгите меѓу Јелена Карлеуша и Вики Миљковиќ.
Инаку, пред неколку дена медиумите пишуваа дека во финалната вечер на Ѕвездите на Гранд имало голема кавга меѓу Аца Лукас и Карлеуша, па таа му поставила ултиматум на Поповиќ дека нема да седи во исто жири во кое ќе биде Лукас, па ќе мора да бира меѓу неа и Аца.