Српскиот пејал Владо Георгиев откри дека не пробал алкохол цели 40 дена. „Пола човек, пола лимонада“, напиша тој на „Твитер“ и откри дека веќе некое време е трезен. Тој никогаш не криел дека сака добро пиво, а и медиумите често пишуваа дека пие од рано изутрина, дури и дека е пее пијан на концерти. Токму затоа неговиот твит дека не пие предизвика бројни позитивни коментари кај неговите следбеници. „Време беше да свртиш нов лист“, стои во еден од коментарите.
Danas dajem 40 dana pivu
Pola čovjek pola limunada
— Vlado Georgiev – Barba (@VladoGeorgiev) January 11, 2019