Владо Георгиев во бесознание, итно однесен во болница

Пејачот Владо Георгиев на 7 мај бил итно примен во Ургентниот центар во Белград, откако неговата партнерка Милица го нашла во бесознаниена подот, пренесуваат српските медиуми. Таа веднаш повикала Брза помош, која го пренела во болница. И лекарите го затекнале пејачот на подот, без свест, исцрпен и блед со вкочанета вилицата и модра модра…

Како што дознаваат српските медиуми, неговата пртнерка побарала од лекарите да му го прекријат лицето за никој да не го препознае. Владо бил веднаш прегледан од интернист и невролог. Тие му дале инфузија оти бил во многу лоша состојба, па по час и половина се повратил. Лекарите сакале да го задржат во болница за да му направат детален преглед и анализи. Владо инсистирал на своја одговорност да ја напушти болницата. Самиот ги потпишал болничките документи и со сопругата ја напуштил болницата.

Scroll to Top