Владо Калембер и „Легенде“, регионални ѕвезди на „Охрид фест“

Хрватскиот музичар Владо Калембер и популарната српска група „Легенде“ се дел од регионалните ѕвезди што ќе настапат на годинешниот „Охрид фест“. Новото 28. издание на фестивалот ќе се одржи на 10 и 11 септември на сцената на Долни Сарај, а оваа година ќе има само две вечери, фолк и интернационална.

Организаторот на фестивалот, Григор Копров, вели дека нема да ја прекинат традицијата, особено што фестивалот во малку поинакво издание се одржа и лани.

„Лани, и покрај неизвесноста предизвикана од пандемијата, го одржавме фестивалот, на што особено се гордееме. Продолжуваме каде што застанавме, очекуваме квалитетни песни, кои ја следат трубадурската традиција, но и многу добри поп-композиции и атрактивни гости на интернационалната вечер“, вели Копров.

Годинава, „Охрид фест“ ќе им посвети особено внимание на дебитантите што ќе ја почнат својата музичка кариера на фестивалот.

Scroll to Top