Владо Калембер ќе пее на „Охрид-фест“

Хрватскиот пејач Владо Калембер ќе пее на интернационалната вечер на „Охрид-фест“. Тој ќе има свој шоу-настап на кој ќе ги потсети на времето од 80 до 90-тите години од минатиот век кога со својата група „Сребрена крила“ беше популарен во Југославија. „Ана“, „Ја нисам коцкар“, „Вино на уснама“,„Чао, аморе“, „Сузана“, „Нек живи љубав“, се само дел од песните по кој е познат хрватскиот пејач. Владо во 1984 година со Изолда Баруџија учествуваше на Изборот на песна за Евровизија со мелодијата „Чао, аморе“. На интернационалната вечер, покрај наградените песни од македонската поп-вечер, ќе настапат и 9 пејачи од надвор, од  Грција, Кипар, Словенија, Србија, Црна Гора и Хрватска.

 

 

 

Scroll to Top