Внуката Верица ги чува спомените од актерот Драган Николиќ и Милена Дравиќ

Српскиот актер Драган Николиќ, кој почина на 72 годишна возраст по долгата борба со тешката болест, вчера му беше одржан тригодишен помен на Новите гробишта во Белград.

Меѓу неговото потесно семејство и пријатели, беше и Верица Дравиќ кои на негвото вечно почивалиште положи црвени ружи и запали свеќи.

„Три тажни години завршија од заминувањето на мојот сакан чичко“, изјавила Верица.

Драган Николиќ и неговата сопруга Милена Дравиќ немале деца, па Верица, ќерката на братот на Драган, Раде, секогаш ја гледале како свое дете. Таа во ретка изјава за медиумите по повод четириесетдневен помен на нејзината тетка, открила дека на брачната двојка најважна и била поддршката од семејството.

„Семејството им значеше премногу. Колку значеа за уметноста и културата, не е на мене да говорам, но дозволете ми да се гордеам со нив, каки и сите во нашето семејство. Можам да кажам дека ги чувам разните знамиња кои и ги имаат подарено на нивната внука, мојата ќерка Ива. Кога ќе ги видам на екранот, па дури и на фотографиите, ми се чини дека секој момент ќе следи некоја нивна насмевка или духовит коментар“, изјавила Верица.

 

Scroll to Top