Албанското тело за аудио и видео медиуми даде забрана за емитувањето на песните на српската фолк пејачка Цеца Ражнатовиќ на јавниот сервис во земјата (РТШ).
По тој повод се огласи и пејачката која вели дека нема слушнато за забраната и дека во нејзините песни никогаш нема политика или говор на омраза.
„Не сум слушнала за забраната во Албанија. Сметам дека музиката не смее да има граници и бариери. Барем тоа е правило по кое се водам во текот на кариерата овие години наназад. Никогаш во своите песни не сум пренела политичка порака или омpаза. Секогаш е и ќе содржи само љубовни пораки бидејќи мојата песна ги спојува луѓето, како што и јас ги сакам сите луѓе“, вели Цеца за српски Блиц.
Цеца вели дека е голем патриот и го сака својот народ и секогаш ќе биде покрај него. Таа вели дека со тоа никој друг не мрази или не ги почитува луѓето од другите вери, боја на кожа или нација.
„Ќе ги замолам моето име да не го мешаат во тоа, мојата публика е разнолика и така и ќе остане. И ќе и пеам на мојата публика додека таа тоа го бара од мене“, вели Цеца за српски Блиц.