Во Хрватска 6447 жени го носат името Магдалена, по песната на Оливер Драгојевиќ

Пред пет години почина легендарниот Оливер Драгојевиќ. Во негова чест во неговата Вела Лука деновиве се одржува манифестацијата „Патека до бесконечноста“ која ќе биде одбележана со концерти, изложби и други активности. Неговата музика остави неизбришлива трага на хрватската музичка сцена, а неговите хитови ги пеат сите генерации.

Меѓу неговите хитови, Оливер имаше и неколку песни кои ги именуваше по жени. Така настанаа песните „Магдалена“, „Мануела“, „Луче мала“, „Џени“ и „Надалина“.

Државниот завод за статистика објави колку жени во Хрватска ги носат имињата на песни. Магдалена го зазеде првото место, со ова име има 6447 жени, потоа следува Мануела, име кое го имаат 2677 жени во Хрватска. Луче е име кое има 879 жени, Џени и Надалина се меѓу последните на оваа листа. Само 44 жени го носат името Надалина, а 24 се викаат Џени.

Манифестацијата „Патека до бесконечноста“ започна пред неколку дена, а прв на ред беше траектот на кој се одржуваа настапите на хрватските пејачи, кои ја забавуваа публиката со хитовите на Оливер. На Корчула беше отворена и изложба со негови приватни фотографии.

Scroll to Top