Во тестаментот на Дивна Карлеуша ја нема Јелена

Во тестаментот на Дивна Карлеуша, го нема споменато името на нејзината ќерка, српската пејачка Јелена Карлеуша. Блиски пријатели откриваат дека Дивна нема премногу имот на свое име, а куќата во која живеела, отсекогаш и било желба да ја остави на своите внуки Атина и Ника Тошиќ.

„Дивна Карлеуша додека беше жива постојано зборуваше како сака нејзините внуки да и бидат наследнички, затоа што таа беше многу поврзана за нив. Сметаше дека Јелена и Душко си имаат и повеќе од доволно обезбедено за целиот свој живот и дека во материјална смисла ништо не би и било потребно“, вели пријател близок до семејството Карлеуша.

Дивна Карлеуша по долго боледување почина минатата недела на 61 годишна возраст.

Scroll to Top