Српската пејачка Александра Пријовиќ во црни танга – бикини ужива на црногорското крајбрежје.
Пријовиќ се пофали со природното, затегнато и цврсто тело, за кое нејзините фанови коментарираат дека одлично изгледа.
„Ау, многу е жешка“, „Изгледа убаво“, „Леле какви атрибути“, „Има најдобра позадина“, „Изгледа како божица“, „Премногу е жешка“, „Какво тело, благослови го овој Филип, каква жена има“, се дел од коментарите.
Пејачката е фотографирана во близина на Будва, каде што престојува во луксузен хотел, а жешкиот летен ден го поминува на приватна плажа каде престојува заедно со семејството.
Пријовиќ внимава и на тоа како ќе се појави на плажа па одбрала марама и капа која е тренд ова лето.
Инаку, Александра одржа спектакуларен настап во Будва во Топ Хил, а пејачката со семејството дошла во Црна Гора и ќе помине неколку дена на крајбрежјето.
Фото: Зоран Илиќ/Рингиер/ Блиц