Водителката Деа Ѓурѓевиќ се враќа на телевизија

Српската водителка Деа Ѓурѓевиќ, која во февруари годинава доживеа сообраќајна незгода, наскоро ќе се врати на телевизија. Ѓурѓевиќ вели дека ќе заздравува од повредата, но паралелно ќе работи и на утринските емисии.

„Бидејќи Деа се чувствува многу подобро, планира да се врати на работа во јули и да продолжи со водењето на утринските емисии. По разговорите со челните луѓе на ‘Пинк’, Деа нема да ги води сите четири часа на програмата, туку ќе биде во студио толку колку што може да издржи. Секој ден околу два часа ќе биде во програмата, а доколку се чувствува подобро, можеби и повеќе. Сè зависи од лекарите, но и од самиот тек на закрепнувањето. На сите најважно им е Деа да се чувствува добро. И покрај тоа што неодамна имаше нова операција на раката, Деа остана насмеана. Таа е голем борец и се чувствува многу подобро. Неколкупати на сите им кажала дека е нетрпелива да се врати на работа, а тоа наскоро и ќе се случи“, вели близок пријател на Деа.

И самата Деа вели дека се чувствува подготвена да продолжи со својата работа.
„За точниот датум на враќање во студиото ќе одлучат лекарите. Јас се чувствувам подготвено и со нетрпение чекам да се вратам на работа. Заздравувањето и понатаму е во тек. Сè уште се обидувам со рехабилитација да ги намалам последиците од повеќекратните тешки повреди“, изјавила Деа.
Scroll to Top