Водителката од „Работна акција“ уапсена во Косово додека снимала нови епизоди

Водителката Тамара Груиќ, која јавноста ја знае по емисиите во кои таа и нејзината екипа уредуваат домови на луѓе со пониски приходи, била приведена, пренесоа српските медиуми.

Во соопштението од Канцеларијата за Косово и Метохија се наведува дека Тамара и нејзината екипа неколку часа се во полициска станица и дека не направиле никакво кривично дело, туку снимале неколку јавни локации за потребите на емисијата.

„Тамара и нејзината екипа неколку часа се во полициска станица не затоа што направиле кривично дело туку затоа што снимиле неколку локации за потребите на емисијата“, пишува во соопштението.

Тамара заедно со својот тим работела на реновирање куќи за социјални загрозени Срби на Косово и Метохија. Во склоп на тие активности таа сакала да го снима мостот на браќата Војиновиќ и стариот град Каљај, ама полицијата ги привела.

Се бара Тамара и нејзината екипа веднаш да бидат пуштени на слобода и да им биде овозможено да си ја работат работата. За нивното апсење без причина ги известивме и меѓународните претставници во покраината, а очекуваме и рекација на сите медиумски здруженија, се наведува во соопштението.

„Имавме мала непријатна ситуација, важно е дека сѐ е во ред и може да продолжиме со снимање“, изјави водителката.

 

Scroll to Top