Емина Јаховиќ е во љубов со милионерот Садетин Саран. Пејачкта сепак, неодамна, предзивика внимание во јавноста, откако во една емисија на националната телевизија во Турција , беше јавно прозвана дека со Саран, биле многу гласни во хотелот каде престојувале. Водителките на една труска емисија објавиле приказна дека: Емина Јаховиќ и Садетин Саран минале ноќ во хотелска соба, каде некои гости се жалеле на вревата која допирала од нивната соба. Според водителките, двојката била гласна додека имале секс, ноќта во хотелската соба.
Турските медиуми на големо пишуваат дека Емина и Садетин веќе живеат заедно и дека подготвуваат заеднички дом. По сите овие пишувања, Емина се огласи, велејќи дека е згрозена од се што прочитала.
„Само што слушнав неоснована лага за себе и многу сум тажна. Никогаш нема да ги премолчам навредите кои две жени, водителки на национална телевизија ги изрекоа за мене. Жените кои ги изрекоа лагите дека мајка на две деца во хотелска соба прави галама, се жени пред се и не сваќам, како може жена може да направи таков брутален напад на друга жена? Ќе ги искористам сите права како жена која животот го посветила на своите два сина. Мојот адвокат ќе почне правен процес кои се одснесува на овие програми и коментатори. Не си играјте со гордоста на една мајка, поради рејтингот, сакам да се разбудите во љубов“, напишала Емина на Инстаграм.