Водителот на „Никогаш не е доцна“, Жика Јакшиќ ја бакна во уста македонската победничка

Водителот на емисијата „Никогаш не е доцна“, Жика Јакшиќ ја бакна во уста победничката од ова натпреварување Добрила Ивановски Чабриќ. Таа повторно дојде во шоуто и беше почесен член на жирито, а откако ја бакна Жика тој се пошегува со неа.

„Дали се јавуваат додворувачите? Кажи ми малку“, ја праша Жика, а Маре се пошегува и рече дека било јасно оти ова е отворена врска.

„Имам од Австрија, Белград. Ама знаеш што, многу ми ја расипуваш работата, бидејќи сите велат: „Ќе му кажеме на Жики“, но јас не можам да мрднам“, му рече Добрила.

Жика неодамна изјави дека многу натпреварувачи оставиле голема трага, но дека Добрила била посебна.

„Има многу што ми оставија белег, но, би ја издвоила Добрила Ивановска која на 91 година стигна до финалето. За малку ќе доживеше несреќа бидејќи жената вози на 93 години и е добро. Се опоравува фала богу. Немам време да се слушнам со сите, но одвреме навреме разменуваме пораки и си честитаме празници. На Добрила ќе ѝ се восхитувам до крајот на животот. Ми стана идол и сакам и јас да живеам така на 90 години“, рече Јакшиќ.

Scroll to Top