Воислав Шешељ влегува во шоуто „Задруга“!

Лидерот на Српската радикална партија ќе учествува во реалното шоу на телевизијата „Пинк“ в сабота.

Како што стојат работите, шоуто „Задруга“ ќе биде побогато за уште една позната личност. Имено, како што пишува „Пинк.рс“, дел од ова шоу ќе биде Воислав Шешељ.

Лидерот на Српската радикална партија влегува во ова реално шоу в сабота на 16 септември. Шешељ не потврди дека ќе биде дел од некое шоу.

Ако политичарот навистина влезе во „Задруга“, ќе биде интересно да се види како ќе реагираат другите учесници.

Scroll to Top