(Вознемирувачка содржина) Објавени фотографии од убиената Јелена Марјановиќ

Две години по убиството на српската пејачка Јелена Марјановиќ, првпат во јавноста беа објавени нејзини фотографии од местото на злосторството.

На фотографиите српската пејачка во бела тренирка лежи покрај грмушка. Недалеку од нејзиното мртво тело се пронајдени патики, штипка за коса и локви крв. Фотографиите ги објавија српските медиуми, кои ги добиле од директорот на Центарот за форензички истражувања од Нови Сад.

Телото било пронајдено во водите на каналот покрај насипот во Борч. Може јасно да се види дека телото ѝ било целосно потопено во водата и едвај се наѕирало. Тоа е основна причина зошто кучињата трагачи не можеле да ја пронајдат истата вечер.

Главен осомничен за убиството беше нејзиниот сопруг Зоран Марјановиќ, кој подоцна беше пуштен да се брани од слобода.

Scroll to Top