Вртоглави хонорари за српските ѕвезди за новогодишната ноќ

Фолк-ѕвездата Цеца Ражнатовиќ за Нова година ќе пее за 80.000 евра, пишуваат српските медиуми. Таа и годинава ќе биде најплатената пејачка во земјата, а ќе пее во познат хотел во Белград. Заедно со Цеца ќе настапи и Слоба Радановиќ, кој ќе добие 15.000 евра.

Високи хонорари ќе заработат и Марија Шерифовиќ и Александра Пријовиќ. Шерифовиќ веќе договорила настап за 45.000 евра, а Пријовиќ 35.000 евра. По 30.000 евра ќе земат Дарко Лазиќ и Џани. Џани за новогодишната ноќ ќе пее заедно со Слаѓа Алегро и Дара Бубамара, но тие ќе заработат по 20.000 евра.

Scroll to Top