Закажан и трет концерт на Петар Грашо во Скопје

Откако „Авалон продукција“ пред еден месец најави дека хрватската ѕвезда Петар Грашо ќе одржи два концерта во Скопје, сега закажаа и трет. И овој концерт ќе се одржи во Македонската филхармонија, со почеток од 20 часот. Билетите за првите два концерта, кои се закажани за 13 и 14 декември, се распродадоа во рекорден рок.

„Се одлучивме да додадеме трет и последен концерт на Петар Грашо и истиот ќе се одржи на 15. декември. Концертите ќе бидат ексклузивни и интимни“, велат од „Авалон“ и додаваат дека билетите ќе чинат 1500 и 2000 денари.

Грашо, кој е еден од милениците на македонската публика, одамна не одржал солистички концерт во Скопје, иако неколкупати во последниве години настапуваше на приватни забави и големи музички манифестации. Тој се прослави со хитовите „Уторак“, „Ако те питају“, „Волим и постојим“, „Лакше ми је с њом“ и многу други.

Scroll to Top